Фото
Фотографија на Дуелот, Наинголан и Биглија во центарот на вниманието: Кој кого фаулираше?
Фудбалерите на Интер и Милан го одиграа 222. дерби „Дела Мадонина“.
Иако се очекуваше многу од натпреварот, крајниот резултат беше 1:0 во корист на Интер, а победничкиот гол за Интер го постигна Икарди во 92. минута.
Еден многу лош момент на овој натпревар за навивачите на Интер беше во средината на првото полувреме од натпреварот, кога Радја Нанголан мораше да го напушти теренот поради повредата.
Белгискиот играч од средниот ред беше во дуел со Лукас Биглија, по што остана да лежи на тревата и веднаш побара промена.
Интересно, на фотографијата се гледа, дека и двајцата во исто време направиле фаул, па затоа не е ни чудо што Биглија остана на трева, но сепак ги стегнал забите и го продолжил натпреварот.
Нивниот дуел очигледно го збунило главниот судија, кој на крајот дури и не одлучил да досуди фаул, иако беше јасно дека контакт имаше, но од која страна сеуште не е познато.
Who fouled who in this tackle.
Isn’t Nainggolan stomping on Biglia’s foot….? pic.twitter.com/pSPzoDhFXl— The AC Milan-Godfather (@ACMilanSydney) October 21, 2018