Connect with us

Тајмаут

Фотографијата на Лео и Антонела за која се зборува: Ова е вистинско совршенство

Лионел Меси се уште е на одмор по напорната сезона што ја имаше.

Аргентинскиот волшебник конечно дојде до медали со националниот тим на Копа Америка и после тоа одлучи да се посвети на семејството и одморот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Откако го помина првиот дел од одморот во Мајами, Меси во средата пристигна во Барселона, но не остана долго во каталонскиот град.

Меси со семејството отпатува на Ибица, каде што уживаше во последните денови од својот одмор во друштво на Луис Суарез и Цеск Фабрегас.

Лео изгледа физички подобро од било кога, но што може да се каже за неговата сопруга Антонела, чиј изглед привлекува многу погледи.

Фотографија од Ибица на која се врежани Лео и Антонела покажува дека тие многу се грижат за своето тело и дека покрај одморот, секогаш има време и за тренинзи.

Ова особено важи за г -ѓа Меси која изгледа феноменално иако родила три деца.

Facebook