Connect with us

Фудбал

Франк: 4-3-3 утре со Македонија, двајца фудбалери ќе се чуваат за нокаут фазата

На прес конференција одржана попладнево, селекторот на Холандија Франк де Бур на новинарско прашање рече дека за утре можна е формацијата 4-3-3 против Македонија.

„Да ќе има промени, тоа е точно дека станува збор за двајца фудбалери“, рече Франк одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека нивната цел е да бидат први во групата и изрази надеж дека идните противници ќе бидат појаки.

„Ние сакаме да завршиме први во групата, па потоа ќе видиме со кој ќе играме“, додаде Франк де Бур.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра в понеделник во 18:00 часот.