Connect with us

Ракомет

Франција со победата над Словенија го потврди пласманот во следната фаза на СП

Француската ракометна репрезентација ја забележа и третата победа во групната фаза на Светското првенство.

Триколорите ја совладаа Словенија со 35:31 во третото коло од групната фаза и со максимален учинок се пласираа во следната фаза на Светското првенство.

Меѓутоа и покрај поразот, Словенија исто така се пласираше во следната фаза на Светското првенство со победите над Полска и Саудиска Арабија.

Најдобри играчи кај французите беа Недим Ремили и Кентин Махе, двајцата постигнаа по седум гола, додека кај словенците најдобар беше Алекс Влах со девет гола.