Connect with us

Фудбал

Франција со пресврт до првата победа во Катар

Франција ја совлада Австралија со 4:1 во првиот осминафинален натпревар од групната фаза на Светското првенство. Голот за Австралија го постигна Гудвин, а Рабио, два пати Жиру и Мбапе погодија за Франција. Избраниците на Дидие Дешан имаат многу отсуства поради повреди Бензема, Канте, Погба, Нкунку, Кимпембе и голманот Маињан се играчите кои им недостигаат на тренерот.

Сепак, многу силен тим, предводен од Килијан Мбапе, излезе на теренот. Работите не одеа најдобро за Французите. Австралија поведе во деветтата минута. Леки нафрли во средината, на другата статива беше Гудвин, кој постигна гол за изненадувачко водство на Австралија од 1:0.

Следуваше експресен пресврт. Лукас Ернандез се повреди по тој гол и на негово место дојде Тео Ернандез кој беше одличен во нападот. Французите направија пробив во продолжението од првото полувреме. Рабиот израмни во 27. минута. Тео Ернандез нафрли од левата страна, а францускиот играч за врска беше најдобро позициониран во средината и постигна гол за израмнување.

Жиру погоди во 32. минута за водство на Франција од 2:1. Десниот бек на Австралија Аткинсон играше по десната страна и ја загуби топката. Мбапе го проигра Рабио, кој го најде нечуваниот Жиру во средината. Францускиот центарфор постигна гол за пресврт на Франција.

Французите одлично влегоа во вториот дел. Во 50. минута Жиру направи доста атрактивен обид за ножички, а топката мина покрај стативата, а во 67. минута ударот на Гризман од гол линијата го расчисти Бехич. Сепак, во 68. минута, по неколку обиди, најскапиот играч на светот Мбапе конечно постигна гол. Беше извонредно проигран од Дембеле, а Мбапе со глава ја испрати топката во мрежата.

Напаѓачот на ПСЖ потоа три минути подоцна му асистираше на Жиру за уште еден гол со глава и зголеми на 4:1. Голманот Рајан на крајот спаси неколку шанси на Французите, па Австралијците се спасија од целосна катастрофа.

Во второто коло, в сабота на 26 ноември ќе играат Тунис и Австралија и Франција и Данска. На табелата Франција има три бода, Данска и Тунис собраа по еден бод, додека Австралија е последна без бодови.