Connect with us

Фудбал

Француските медиуми тврдат: Нејмар побегна од Париз во Бразил, никој од ПСЖ не знае каде е

ПСЖ повторно се најде во неволја, ако може да им се верува на француските медиуми, а главната причина не е никој друг освен Нејмар.

Поточно, тој, наводно, решил да избега во Бразил, поради пандемијата на коронавирус во Париз.

Според француските медиуми, тој решил да побегне во Бразил со приватен авион затоа што инфекцијата е таму во многу помал обем.

Исто така, други Бразилци изразија желба да им биде дозволено да одат во татковината, бидејќи таму има многу помалку заразени лица.

Кога станува збор за Нејмар, проблемот е во тоа што тој не му одговори на никого, тој одеднаш реши да го напушти Париз и да замине во Бразил.