Фудбал
Французинот му се враќа на фудбалот: Венгер доби примамлива понуда!?
Легендарниот тренер Арсен Венгер е уште без работа, откако го напушти Арсенал по многу години поминати во англискиот гигант.
Овој 69-годишен стратег одбиваше многу понуди, но сега доби интересен предлог. „Франс фудбал“ пишува дека Французинот добил понуда да го предводи тимот на Катар.
Катарскиот тим го избрал Французинот, кој во минатото беше поврзуван со францускиот шампион ПСЖ. Меѓутоа, Венгер ја одби понудата бидејќи пристигна брзо по заминувањето од Лондон.
Не е позната сумата која Венгер ќе ја добие за плата, но сигурно станува збор за вистинско богатство, кое најверојатно ќе го прифати искусниот тренер.