Connect with us

Фудбал

Французинот „затворен“ во Русија: Се плашам дека ова може да биде мојот крај

Членот на генерацијата што го освои Светското првенство во 2018 година во Русија, Адил Рами потпиша договор со тимот на Сочи пред неколку месеци.

Овој 34-годишен дефанзивец доби понуда што не се одбива од Русија и неговиот договор требаше да важи на 30 јуни.

Сепак, како и многу фудбалери ширум светот, Рами е принуден да се заштити од коронавирусот. Во изјава за РМЦ, тој рече дека се плаши дека неговата кариера може да заврши.

„Шампионатот се прекина и мислам дека ова може да трае подолго од очекуваното. Јас ги слушам лекарите бидејќи во Сочи нема карантин и клубот ни рече да избегнеме масовни собири“, рече Рами и продолжи:

„Но, ова е голем проблем. Тука е нормален животот. Сите се на улица, секој си го живее животот, а јас не можам да се вратам во Франција. Имам 34 години, буквално сум затворен тука и се плашам дека после се нема да можам да играм фудбал. Ми недостасуваат децата, но морам да чекам и да бидам трпелив“, рече Рами.

Пред да замине за Русија, Рами играше за Фенербахче, а во својата кариера има настапувано за Марсеј, Севилја, Милан, Валенсија и Лил.