Connect with us

Фудбал

Фред доби работна виза и официјално е дел од Јунајтед

Трансферот на Бразилецот Фред во Манчестер Јунајтед веќе и официјално е факт, откако халфот зеде работна виза.

Уште во почетокот на месецот „црвените ѓаволи“ објавија дека се договориле со Шахтјор за привлекување на играчот за околу 52 милиони фунти, но потоа мораше да се почека фудбалерот да добие дозвола за работа на Островот.

– Фред ќе го направи нашиот среден ред уште посилен. Неговата креативност и визија за асистенции ќе додаде нова димензија на нашата игра. Многу сум радосен дека тој доаѓа во нашиот клуб и верувам дека останатите играчи разбираат колку важен ќе биде за составот, изјави менаџерот на клубот Жозе Мурињо.

Договорот на Фред е за 5 години со опција да биде продолжен за уште една сезона.

– Ова е најголемиот клуб во светот и јас сум радосен дека ќе бидам дел од него. Да работам со Жозе Мурињо, кој има постигнато толку многу, е можност која не смее да се пропушти. Сакам да им заблагодарам на Шахтјор за сè што направи за мене и немам трпение да ја започнам оваа нова фаза во својата кариера, изјави фудбалерот.

Во моментов полудефанзивецот е дел од националниот тим на Светското првенство, откако го пропушти ремито со Швајцарија поради лесна повреда.