Connect with us

Фудбал

Френк Лампард и официјално нов тренер на Евертон

Фудбалскиот клуб Евертон потврди дека Френк Лампард е назначен за нов менаџер на клубот.

Договорот е потпишан на 2,5 години, односно до јуни 2024-та година. На клупата на Евертон ќе дебитира на 5-ти февруари во рамките од четвртото коло од ФА Купот против Брентфорд.  Лампард претходно како тренер ги предводеше тимовите на Дерби и Челзи.