Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Аталанта доби остра казна поради „контакт“ со судијата

Милан вчера славеше со 2-0 на гостувањето кај Аталанта и го запечати второто место на табелата во Серија А.
Двата гола на „росонерите“ беа постигнати од белата точка, а при вториот Мартен де Рон го загуби трпението. Робин Госенс играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а судијата Маријани покажа на белата точка.

Де Рон реагираше агресивно па заработи црвен картон, а при излегувањето од игра го удри со рамо главниот судија, а потоа удри и еден противнички играч по глава.

Дисциплинската комисија немаше милост и го казни Холанѓанецот со четири натпревари суспензија и плус парична казна од 10.000 евра.