Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Барселона: Дали е битно да имате јахти, авиони, скапоцени коли, па ништо од тоа нема да однесете на тој свет!

Барселона изненади со одлуката кога пред извесно време одлучи да го врати во своите редови 38 годишниот Дани Алвеш. Тој иако е во поодминати фудбалски години, сепак се наоѓа во добра физичка форма.

Право на настап ќе има на почетокот на јануари кога Барселона ќе може да го пријави за официјални натпревари.

Алвеш тренира со тимот речиси еден месец и пред неколку дена одигра пријателски натпревар против Бока Јуниорс каде во 45 минути покажа дека се уште е фантастичен фудбалер.

Бразилецот се согласи да се врати во Барселона, иако знаеше дека ќе игра за каталонскиот клуб за најниска можна плата.

Тој во интервју за францускиот Канал плус, објасни зошто парите воопшто не му биле важни кога добил можност да се врати во Барселона и дека неколку милиони сигурно повеќе нема да му го променат животот.

„Целиот фудбалски свет е фокусиран само на пари, но јас не сум. Знаете зошто? Затоа што претходно немав пари. Да имав 1, 2 или 3 милиони повеќе сега, тоа ништо не ми значи,  нема драстично да ми го подобри животот“, изјави Алвеш.

“Дали е важно што имаме јахти, приватни авиони, скапи автомобили во нашите животи? Ништо од нив нема да земете со себе кога ќе го напуштите овој свет. Единственото нешто што е важно се спомените, сеќавањата на убавите моменти.”