Фудбал
Фудбалер на Барселона со приватен авион отишол да слави освојување на пехар на ривалски клуб

Фудбалерот на Барселона Иниго Мартинез предизвика голем скандал бидејќи со приватен авион отишол на прославата на трофејот на ривалскиот клуб. 32-годишниот стопер на Барселона во минатото правеше потези кои во најмала рака се дискутабилни, но овојпат навистина претера и ја покажа својата непрофесионалност.
Image: Iñigo Martinez celebrated Athletic Club's Copa del Rey win with the rest of their squad. pic.twitter.com/aaPc3ps4pD
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 11, 2024
Мартинез, всушност, со приватен авион замина во Билбао за со навивачите да ја прослави победата на Атлетик во шпанскиот Копа дел Реј. Атлетик Билбао го освои Копа дел Реј на 6 април победувајќи ја Мајорка во финалето на пенали, а претходната вечер беше организирана голема прослава. Мартинез се приклучи на колоната играчи на Атлетик кои со чамци славеа во реката и покажаа непочитување кон сегашниот работодавец Барселона.
Ова не е прв пат Мартинез да предизвикува скандали. Тој порасна во Реал Сосиедад, лутиот ривал на клубот од Билбао, и секогаш велеше дека никогаш нема да се пресели во Атлетик. Но, токму тоа го направи во 2018 година, а она што е интересно е што два пати играше во финалето на Купот на кралот со Атлетик, но двата пати загуби. Синоќа конечно успеа да го прослави, но како играч на Барселона чии навивачи очекуваат да добие жестока казна за стореното.