Фудбал
Фудбалер на Јувентус кон противниците од Интер: Следниот пат да го изгасиме осветлувањето
Фудбалерот на Јувентус Даглас Коста со иронична порака до спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, кој порано ја извршуваше оваа функција во „Старата дама“. Имено, тој беше најгласен дербито да се одигра без публика, а предложи сите мечеви до крајот на сезоната да се играат така поради коронавирус.
Секако, Јувентус беше против такво нешто бидејќи Торино не е градот зафатен од коронавирусот, но сепак челните луѓе во Серие А одлучија да нема публика.
По победата на Јувентус од 2:0 против Интер, Даглас Коста порача:
-Следниот пат би можеле да го изгасиме осветлувањето, порача Коста преку социјалните мрежи.