Фудбал
Фудбалер на Ливерпул против Интер сакаше да постигне гол без гледање, па се посрамоти (ВИДЕО)
Ливерпул се пласираше во четвртфиналето во ЛШ благодарение на победата во првиот натпревар кога на „Меаца“ славеа со 2:0 против шампионот на Италија. Интер синоќа на „Енфилд“ успеа да стигне до пирова победа, славеше со 1:0, иако Ливерпул пропушти неколку неверојатни можности.
Домашните дури три пати ја тресеа рамката од голот на Интер, а фантастична шанса во самиот финиш на натпреварот имаше резервистот Луис Дијаз кој од пет метри не успеа да ја погоди речиси празната мрежа на Самир Хандановиќ.
Имено, Дијаз натрча на одбиената топка која сите ја видоа во голот, но Артуро Видал со неверојатен лизгачки старт го спаси својот тим.
Brain:
Don’t do it
Don’t do it
Don’t do itLuis Diaz: pic.twitter.com/H8yTy59yFa
— ? (@_EW111) March 9, 2022
Но, она што многумина го забележаа е ноншалантноста на Дијаз, која за негова среќа на крајот не го чинеше Ливерпул. Тој сакаше да постигне гол „без да гледа“, ја вртеше главата кога шутираше, но остана во шок кога виде дека тоа не е гол.
На сличен начин Роберто Фирмино погоди еднаш на празен гол, па Дијаз сакаше да го копира својот соиграч, но на крајот се посрамоти. Навивачите на Ливерпул преку социјалните мрежи го критикуваа Дијаз за ваквиот потег на многу важен натпревар, а со резултат додека Интер имаше уште шанса да добие продолженија. Дијаз можеше да постигне гол и да реши се, но поради еден ноншалантен потег не успеа во тоа.