Фудбал
Фудбалер на Милан осомничен за обложување на натпревари!
Одбранбениот фудбалер на Милан, Алесандро Флоренци е под истрага на обвинителството во Торино поради нелегално обложување.
Тамошните медиуми објавија дека играчот бил вклучен во регистарот на осомничени за злоупотреба на игри и обложувалници.
Во истиот случај под истрага се и неговиот поранешен соиграч од Рома, Николо Заниоло, Садро Тонали, поранешниот капитен на Милан како и Николо Фаџоли.
Флоренци се очекува да отпатува во Торино во следните неколку дена за да одговори на прашањата на обвинителите. Во моментов ниту играчот ниту Милан не го коментираат обвинението.