Фудбал
Фудбалер на Порто е многу постар отколку што тврди, слави четири родендени, Португалците ја раскинуваат соработката?!
Португалскиот гигант Порто одлучи да ја прекине соработката со дефанзивецот Шансел Мбемба за лажни години. Овој фудбалер од ДР Конго официјално се претставува како 27-годишник. Во неговиот пасош пишува дека е роден на 8 август 1994 година, но според одредени информации е постар најмалку пет години.
Неговите датуми на раѓање варираат од 1988 до 1994 година. Додека играше ДР Конго, тој е роден во 1988 година. Меѓутоа, неколку години подоцна во квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации, неговиот датум на раѓање бил променет на 30 ноември 1991 година.

Кога дошол во Белгија, неговиот поранешен клуб Андерлехт му го дал сегашниот датум на раѓање и наводно се преселил во Њукасл во 2015 како 21-годишник. Збунувачки беше тоа што Мбемба во едно интервју рече дека е роден 1990 година и предизвика целосен хаос.
Сепак, тој ја промени приказната и тврди дека тестовите докажале дека 1994 година била годината.
„Го поминав тестот за коски и сите мои пријатели знаат дека ги докажав моите години“, рече Мбемба и продолжи:
“Многу се зборуваше за мојот роденден и дека имам различни датуми на раѓање. Ја докажав вистината. Има луѓе во Африка кои прават се за да уништат нечија кариера”, изјави овој фудбалер.