Фудбал
Фудбалер обвини тренер дека го исфрлил од тимот само поради тоа што постел
Алжирскиот напаѓач Ислам Слимани ги разбранува страстите објавувајќи на Инстаграм дека тренерот на Спортинг, Рубен Аморим го исфрлил од тимот само затоа што пости Рамазан. Искусниот центарфор воопшто не беше во тимот на полуфиналниот реванш од Купот на Португалија против Порто и првенствениот меч против Тондела, а на мечот против Бенфика мораше да се задоволи само со половина час игра.
Пред тоа тој постигна четири гола на пет натпревари и се чинеше дека е во добра форма, а Аморим го оправда својот пропуст со тоа што го доведе во прашање вклученоста на Слимани на тренинзите.
„Поканети се оние кои тренираат најдобро и играат. Можам да си ја ризикувам работата, но тоа ќе биде така додека сум овде. Тренингот е многу важен“, изјави тренерот на Спортинг.
Реакцијата на Слимани не чекаше долго бидејќи брзо му одговори на својот Инстаграм со фотографија и порака која ја објави.
“Без храна и пијалок, секогаш сум тренирал напорно за мојот клуб. Никој не може да ми го одземе тоа”.
Слимани пости од 1 април, а оттогаш алжирскиот репрезентативец одигра само 45 минути за Спортинг.