Фудбал
Фудбалер од Италија стана „Лав“, Македонија ЃП се пофали со новото засилување
20-годишен фудбалер, роден во Бергамо, Италија, го засили нападот на Македонија Ѓорче Петров. Информацијата ја потврди самиот тим на социјалните мрежи. Годбар Купер во својата кариера освен за италијански нисколигаши, играл во тимови од Португалија, потоа за Шафхаузен од Швајцарија, како и за албански Кукс. Последен негов клуб беше Лавело кој се натпреварува во италијанска Серија Д.
Купер е роден во Италија, Бергамо, но неговите потекнуваат од Гана. Деталите за договорот со „Лавовите“ од Ѓорче Петров не се познати.