Connect with us

Фудбал

Фудбалер одлучи да го соблече дресот, а да облече униформа: Ќе ги уништиме!

Левиот бек на украинскиот тим Шахтјор Доњецк, Виктор Корниенко е првиот активен фудбалер кој одлучил да го остави фудбалот и да се приклучи на украинската армија во одбрана на својата земја.

„Јас сум во Украина и им помагам на вооружените сили. Слава на Украина! Ќе ги уништиме тие е*ани Руси! Слава на Украина“, изјави 23-годишниот фудбалер преку социјалните мрежи.

Корниенко можеше да ја напушти Украина со остатокот од тимот на Шахтјор и безбедно да замине во Полска, но реши да остане и да се бори.