Connect with us

Фудбал

Фудбалер замина од Интер па ја отвори душата: Конте ме понижи, ми даде 8 минути, па ме нападна во соблекувалната

Раџа Наинголан пред неколку дена го напушти Интер и замина во Каљари на позајмица, која ќе биде втора по ред, по онаа од минатата сезона.

Играчот за врска даде интервју за „Кориере дело Спорт“ во кое зборуваше за односот со Антонио Конте, кој очигледно не бил на посакуваното ниво. Наинголан порача дека го почитува Конте, но дека го навредил со начинот на кој се однесувал кон него.

-Во Интер имав одличен тренер и тоа не е тајна. Но, ме повреди кога на еден меч ми даде само осум минути, а потоа мене ме обвини дека сум виновен што не победивме. Што можев јас да направам за тие осум минути, вели Наинголан и додава:

-Тоа го направи пред цела соблекувална и ме нападна без причина. Не сакав да влегувам во расправија и не сакам тоа ниту сега да го правам. Здрав сум и никогаш не сум пропуштил ниту еден тренинг, ниту сум задоцнил. Својот дел на работата го одработував максимално, изјави Наинголан.

Наинголан во сите конкуренции за Интер оваа сезона одигра вкупно 49 минути.