Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Барселона позираа со навивачките, а сите видоа каде Пике го држеше за раце

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике веќе неколку недели е во центарот на вниманието, откако беше потврдено дека раскинал со Шакира.

 

Пике и Шакира беа во врска 12 години и имаат два сина, а сите беа изненадени кога популарната пејачка пред неколку недели потврди дека повеќе не се заедно.

Шпанските медиуми објавија дека Шакира дознала дека Пике ја изневерил и веднаш решила да го остави, а моментално најголем проблем е каде ќе живее бидејќи децата ќе бидат со неа.

 

Пике моментално е со Барселона на подготовки во Мајами, но постојано се зборува за неговиот приватен живот и се следи секој негов потег.

Медиумите во Шпанија одат дотаму што ги коментираат фотографиите на Пике. Така во центарот на вниманието се најде фотографија од подготовките на Барса на која играчите на овој тим позираа со вработените во компанија која е спонзор на овој тим.

 

На фотографијата имаше претежно жени, а многумина забележаа како Пике го држеше за раце и не сакаше да прегрне ниту една од жените кои стојат до него, бидејќи е свесен дека и тоа сигурно ќе предизвика лавина од шпекулации.

На Пике секако не му е лесно и го минува најтешкиот период во животот, а очигледно размислува за се бидејќи е свесен дека секој потег ќе биде јавно објавен, како што беше случајот во претходните недели.