Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Барселона се подготвуваа да си одат дома, а потоа Чави виде што прави Франк Кеси

Франк Кеси летово го напушти Милан и како слободен играч пристигна во Барселона, каде се уште не се избори за минутажата која ја очекува, но покажа дека нема така лесно да се предаде.

По пет сезони Кеси реши да го напушти Милан иако Росонерите му понудија да потпише нов договор и да остане на Сан Сиро, но кога Барселона го контактираше тој едноставно не можеше да одбие.

25-годишниот играч за врска потпиша четиригодишен договор со Барселона и јасно е дека од него се очекува многу во дресот на Блауграна.

Сепак, на почетокот на оваа сезона, Кеси не ја доби минутажата што ја очекуваше и повеќето натпревари кои ги одигра ги започнуваше од клупата за резерви. Неодамна имаше и полесна повреда, поради што сè беше уште потешко.

Во Ла Лига одигра само 156 минути на шест настапи, додека во Лигата на шампионите одигра 116 минути на четири натпревари, но успеа да постигне еден гол.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска не можеше да биде премногу среќен по натпреварот против Виљареал во четвртокот, бидејќи Чави воопшто не му даде шанса да игра, но Кеси не дозволува тоа премногу да го навлече.

Каталонски Спорт пишува дека Кесие ги изненади сите по натпреварот против Виљареал бидејќи самоиницијативно одлучил да се врати на теренот и да одработи индивидуални тренинзи.

Останатите играчи на Барселона веќе беа во соблекувалната и се подготвуваа да си одат дома, но Кеси реши да го одработи тренингот и да му покаже на Чави дека нема така лесно да се предаде и трпеливо ќе ја чека својата шанса.

Вчера, пред натпреварот против Атлетик Билбао, Чави изјави дека има жестока конкуренција во средниот ред, но дека цени трудот и работа на Кесие и дека сигурно ќе ја добие својата шанса.

Тренерот на Барселона уште вечерва ќе има можност да го исполни ветувањето и да го награди Кеси, бидејќи Барселона од 21 часот на својот стадион ќе го пречека Атлетик Билбао.