Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Гамбија не отпатуваа на Африканскиот куп на нации, се онесвестија во авионот

Африканскиот куп на нации започнува во сабота на Брегот на Слоновата Коска, а фудбалерите на Гамбија допрва треба да пристигнат во Јамусукро, градот каде што ќе ги играат натпреварите од групата Ц. Репрезентацијата на Гамбија полета за Брегот на Слоновата Коска, но се врати во татковината бидејќи голем број играчи и членови на стручниот штаб паднаа во несвест во авионот. Имено, авионот бил премал, па фудбалерите немале доволно кислород и пилотот бил принуден да го заврти авионот и да се врати во Гамбија.


Според последните информации, делегацијата на Гамбија на Брегот на Слоновата Коска ќе замине со поголем авион, а во групата Ц ги очекуваат дуелите против Сенегал, Гвинеја и Камерун. Африканскиот куп на нации се одржува од 13 јануари до 14 февруари.