Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Јувентус заминуваат еден по еден

Многу играчи на Јувентус се чини дека се досадуваат со живот во изолација во Торино.

Со оглед на тоа што сè уште има шпекулации за можно продолжение во Серија А и нема официјални информации, фудбалерите на Јувентус го напуштаат Торино еден по еден.

Повеќето странци веќе ја напуштија Италија. На почетокот на неделата, Војчех Шчесни го направи тоа, а во петок Адриен Рабиот ги следеше истите чекори.

Имено, на денот кога го прослави својот 25-ти роденден, францускиот играч од средниот ред отпатува во својата вила на Азурниот брег, каде ќе го помине следниот период.

Кристијано Роналдо, Сами Кедира, Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Даглас Коста, Данило се играчи кои пред две недели го напуштија Торино и заминаа кај своите семејства.

Со оглед на усвоените заштитни мерки по враќањето во Торино, фудбалерите на Јувентус ги чека нов 14-дневен каратин.