Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед кренаа раце од Жозе Мурињо

И тие кој веруваа во Жозе Мурињо полека губат надеж, па се поблиску сме до „збогум“ на Португалецот од Олд Трафорд.

Сезоната за Мурињо е очајна и Јунајтед со него игра катастрофално, а последниот таков натпревар во низа е оној против Валенсија во Лигата на шампионите.

Денеска Жозе Мурињо се појави на прес конференција и за три и пол минути ги излуди новинарите во свој стил. Но што и како понатаму? Многумина веруваат дека има седум натпревари надеж да ја спаси работата, но од Островот скоро секој час стигнуваа различни ин формации.

Сега Мурињо објави дека добар дел од играчите на Јунајтед е свесен дека Жозе заминува и дека и сами имаа такви информации, но и се трудат што побргу да го избркаат.

Тие се уверен дак Мурињо ги уништил тимскиот дух и довербата со своите редовни критики кон поедини играчи и играта на комплетниот состав, а најмалку би се критикувал себеси после се.

Играчите се вознемирени, атмосферата е мртва, па сега само чекаат да се случи нешто, управата да го тргне Мурињо и да се започне одново. Новата шанса за Жозе е против Њукасл во сабота и ако тука не го положи испитот, кој знае што би можело да се случи.

Едно е сигурно, како што стојат работите, само е прашање денот кога овој тренер ќе го промени клубот.