Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Фудбал

Фудбалерите на Реал Мадрид ги дознаа вестите утрово, поради што реагираа жестоко

Реал Мадрид синоќа гостуваше во Памплона, каде освои само еден бод (0:0) против Осасуна во натпреварот од 18. коло во Ла Лига.

Јасно е дека кралскиот клуб беше фаворит на овој натпревар, но тешкиот терен беше проблем за двата тима, и на крајот овој натпревар заврши без голови.

Во Реал се бесни на Ла Лига што натпреварот не беше одложен затоа што снежното невреме го погоди поголемиот дел од Шпанија. Едвај пристигнаа во Памплона во петокот, а синоќа теренот беше во навистина лоша состојба.

На крајот, кралскиот клуб одлучи и синоќа да остане во Памплона, бидејќи немаше услови да се вратат во Мадрид со авион. Очекуваа дека тоа ќе биде денес, но сепак нема ништо од тоа.

Играчите на Реал и вечерва ќе ја поминат ноќта во Памплона, бидејќи нема услови авионот да слета на аеродромот во Мадрид поради снегот што создаде голем хаос. Сега планот е да отпатуваат за Малага во понеделник, бидејќи тие веќе треба да се подготват за натпреварот од Суперкупот против Атлетик Билбао.

Тие ќе го играат тој натпревар во четврток, но беше одлучено дека е најдобро веднаш да патуваат во Малага и да не се враќаат во Мадрид поради временските услови. Играчите не се воодушевени од таквата одлука бидејќи неочекувано ќе поминат најмалку седум дена на „гостувањето“ и сигурно е дека никој не го очекуваше тоа.

loading...

Facebook