Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Волфсбург започнуваат со тренинзи денес, но мора да следат ригорозни мерки

Речиси сите фудбалски натпревари во Европа се прекинати од хаосот што го направи коронавирусот.

Речиси во секоја земја во Европа, спортските натпревари се одложуваат барем до 3 април, но многумина веруваат дека може да продолжат до крајот на следниот месец.

Клубовите не тренираат веќе десетина дена, а играчите се во изолација. Ним им беше дадена програма да тренираат дома за да ја одржат својата форма колку што можат.

Но, во Волфсбург, решија да започнат со заеднички тренинзи, што изненади многумина. Германскиот клуб денес потврди на својата страница дека играчите ќе направат тренинг, но со неколку големи мерки.

Имено, тренингот на германскиот клуб првично ќе се изврши во салата, и под строго контролирани услови. На играчите им беа дадени мерки за хигиена и препораки за тоа како треба да се однесуваат за да спречат ширење на вирусот.

Волфсбург рече дека одлуката е сè уште во сила, Бундеслигата да биде продолжена на 3 април, што е скоро невозможно, но во случај да се случи, очигледно е дека сакаат да бидат подготвени за првенството.