Фудбалерите најплатени спортисти во светот

epa06284903 Argentine and Barcelona forward Lionel Messi (R) greets Portugal and Real Madrid forward Cristiano Ronaldo and his son Cristiano Ronaldo Jr. before the start of the Best FIFA Football Awards 2017 at the London Palladium, London, Britain 23 October 2017. EPA-EFE/ANDY RAIN

По неколкугодишната доминација на боксерите, пред се на Флојд Мејведер, фудбалерите го преземаа приматот на најдоброплатени спортисти во светот. Според магазинот „Форбс“, Лионел Меси во периодот од 1 јуни 2018 година до 1 јуни 2019 година, инкасирал 127 милиони долари.  Дури 92 милиони долари, Меси доби од Барселона како плата и бонуси, додека 35 милиони се од спонзори.

Веднаш зад него е најголемиот конкурент во последната деценија, Кристијано Роналдо кој заработи 109 милиони долари.  Роналдо идентично како и Меси, 35 милиони долари заработи од спонзорите, а остатокот му го исплати Јувентус.

И на третото место на листата се најде фудбалерот, овој пат играчот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар со 105 милиони долари.
На четвртото место се најде мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез со 94 милиони долари, додека Роже Федерер е петти со 93.4 милиони долари. Швајцарецот дури 86 милиони долари доби од спонзорите, а само 7.4 милиони долари заработи од настапите на турнирите.

Извор: Слободен печат