Фудбал
Фудбалерите Погба и Хакими изразија солидарност со Палестинците
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Погба и играчот на Интер, Хакими изразија солидарност со Палестинците откако израелските сили ја нападнаа џамијата Ал-Акса.
„На светот му треба мир и љубов. Наскоро ќе има помош, ајде сите да се сакаме“, рече Погба на Инстаграм.
Хакими на Твитер напиша #FreePalestine за да изрази солидарност со Палестинците.
#FreePalestine ?????
— achrafhakimi (@AchrafHakimi) May 10, 2021
Палестинците во Ал-Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили интервенираа во петокот во обид да ги растераат верниците од комплексот Ал-Акса.
Според последните информации, Израел започнал воздушни напади врз воени позиции во појасот Газа, откако претходно беа истрелани ракети од оваа територија кон Ерусалим, пренесува Би-Би-Си.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека во ударите загинале девет лица, вклучително и деца (три од нив).
Ракетен оган предизвика аларм во Ерусалим, а зградата на израелскиот парламент беше евакуирана.