Connect with us

Фудбал

Фудбалерите полетаа од Палермо, дел од навивачите бараат да се откаже славјето на плоштад

Македонската ракометна репрезентација со чартер лет на хрватски авиопревозник тукушто полетаа од Палермо.

Авионот во Скопје ќе слета пред 18 часот, а во 18.30 е закажан пречен на плоштадот Македонија во центарот на Скопје.

ФФМ иако повика на славење на плоштад, сепак голем број од коментарите се дека фудбалерите не треба да се појават на истото бидејќи ги очекува најважниот натпревар во вторник против Португалија.

Дел од навивачите сметаат и дека ризично е во време на пандемија фудбалерите да бидат во контакт со луѓе надвор од репрезентацијата.