Фудбал
Фудбалерот Алехандро Пенаранда убиен, неговиот соиграч тешко повреден
Колумбискиот фудбалер Алехандро Пенаранда (24) го загуби животот откако беше застрелан со огнено оружје на една забава.
Играчот на Кортула, кој моментално се натпреварува во втората лига на Колумбија, отпатува на одмор со двајца соиграчи, а во петокот се најдоа на забава, каде дојде до крвопролевање.
Во куќата влегол убиецот, почнал да пука и го уби Пенаранда, додека Хајсен Исквиердо бил тешко повреден.
Трагедијата се случи во раните утрински часови, во куќата на Кристијано Борја, која настапува за мексиканската Толука.
“Според прелиминарната истрага, целта на нападот биле Алехандро и Исквиердо. Засега се претпоставува дека ова е злочин од страст, бидејќи се сомневаме дека во сето ова е вмешано женско лице кое требало да биде на забавата, но не дојде. Истрагата ќе открие за што точно се работи”, рече шефот на полицијата Хуго Касос.