Connect with us

Фудбал

Фудбалерот кој Интер го одбра за свој напаѓач, ги замолкна навивачите на „Меаца“ (ВИДЕО)

Интер го одигра најлошиот меч сезонава во Серија А. Загуби дома од Сасуоло со 2:0, а можеше да биде поразот уште поубедлив, да беа играчите на гостинскиот тим малку попрецизни. Двата гола се постигнати во првиот дел, а интересно е тоа што вториот гол е дело на Скамака, 23-годишен напаѓач кој Интер го означи како примарна цел во летниот преоден рок за својот напад, кој најверојатно ќе биде замена за Един Џеко кој има 36 години. Наводно сите работи се договорени, па во финишот на сезоната Интер ќе тргне во конкретни преговори со Сасуоло за овој фудбалер.