Connect with us

Тајмаут

Фудбалерот кој се излечи од канцер на тестисите со посебни копачки ќе игра утре на кои пишува: F*ck cancer!

Себастиен Халер ги покажа своите неверојатни нови копачки со „канцер“ пред неговото официјално деби во Борусија Дортмунд.

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска потпиша за клубот од Бундеслигата минатото лето, но две недели подоцна му беше дијагностициран тумор на тестисите.

Сепак, тој сега е подготвен да го направи својот долгоочекуван настап за неговиот нов клуб.

И кога ќе излезе на теренот, 28-годишниот ќе го направи тоа носејќи ги неговите прилагодени копачки со многу лична порака.

Халер и спонзорите Пума споделија објава на Инстаграм на напаѓачот на „Сигнал Идуна Парк“. А, на нив е испишано „Еб*се канцер“, каде што е додаден и симболот за молња.