Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Атлетико ги покажа нозете по мечот со Манчестер Јунајтед, како да бил во војна (ФОТО)

Во модерниот фудбал се заработуваат огромни пари, поради што навивачите очекуваат играчите да го остават срцето на теренот. Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 0-1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и продолжи понатаму.

Избраниците на Диего Симеоне со години го носат прекарот „Воините“, а тоа го покажаа во вторникот вечерта кога одиграа фантастичен натпревар на „Олд Трафорд“.

По натпреварот Хектор Херера ги покажа нозете полни со лузни како што може да се види на фотографијата направена додека ја даваше изјавата.

Има ситуации кога е нормално да се добие удар, можеби поради некои требаше да добијат жолт картон, изјави Ерера по мечот.

Воинствениот стил на игра стана заштитен знак на популарните „јорганџии“ со текот на годините, а знаејќи ја нивната природа, Херера секако не е единствениот што го напушти „Олд Трафорд“ со „воени рани“.