Фудбал
Фудбалерот не може да признае дека е геј
Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Оливие Жиру, изјави дека може да ја разбере болката и тагата на фудбалерите кои не можат во јавноста да признаат дека се хомосексуалци.

Искусниот напаѓач за овој проблем отворенозборуваше за време на интервјуто кое го даде за францускиот весник “Ле Фигаро”. Жиру го коментираше случајот со играчот на Астон Вила, Томас Хицелшпелгер кој во 2014 година јавно призна дека е геј.
– Тогаш сфатив дека е речиси невозможно да ја прикажеш својата хомосексуалност во фудбалскиот свет. Во соблекувалната има премногу тестостерон, заеднички туширања. Малку е зезнато, но тоа е така, изјави Жиру.
Иако е среќно оженет, поранешниот фудбалерна Монпеље и Арсенал, веќе со години е главен амбасадор на отвореноста кон хомосексуалните личности. Во 2012 година позираше потполно гол за еден геј магазин.
– Можам да ја разберам тежината и болката низ која поминуваат момчињата откако ќе признаатдека се геј. Јас имам максимално толерантен околу тоа. Во Монпеље ја започнав борбата околу овој проблем и тоа кога позирав за геј магазинот. И понатаму има многу работа околу овој проблем во фудбалскиот свет, додаде Жиру.