Фудбал
Фудбалот пишува убави стории, го победи ракот, се врати на теренот и помогна во елиминација на Манчестер Јунајтед
Мидлсброу синоќа го елиминираше Манчестер Јунајтед во ФА купот откако славеше во пенал серијата. Регуларниот дел заврши 1:1.
Најсреќен синоќа беше дефинитивно играчот на Мидлсброу, Сол Бамба, кому животот му подготви неверојатна приказна. Пред само половина година овој фудбалер од Брегот на Слоновата Коска доби ракот, а синоќа погоди пенал и му помогна на својот тим да помине во следната фаза од натпреварувањето. Инаку, овој 37-годишен стопер кариерата ја започна во Б тимот на ПСЖ, по што настапуваше во Шкотска (Данфермлајн и Хибернијан), Турција (Трабзонспор), Италија (Палермо) и Англија (Лестер, Лидс, Кардиф). и Мидлсброу).
Сезонава одигра 21 натпревар и забележа една асистенција, а за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на 46 настапи постигна еден гол.