Фудбал
Фудбалот загуби уште една легенда, почина тренерот кој на Франција донесе пехар пред 36 години
На 87-годишна возраст почина легендарниот тренер Мишел Идалго. Тој е поранешен селектор на Франција, кој во 1984-та година на „Триколорите“ им го донесе пехарот од Европското првенство.
Тогаш оваа селекција беше предводена од славниот Мишел Платини.
Воедно, две годин претходно стигна до полуфиналето на СП.
Идалго осум години ја извршуваше оваа функција од 1976 до 1984 година, а беше тренер на Монако, Олимпик Марсеј и Ле Авр. Како фудбалер го носеше дресот на Ле Авр, Ремс и Монако.