Connect with us

Фудбал

Фудбалска бајка во Минхен: ПСЖ го победи Баерн на крилјата на Мбапе

Published

on

Вечерва играчите на ПСЖ го победија Баерн на гости со 3:2 во фантастичен натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Баерн имаше голема шанса во втората минута кога Чопо-Мотинг ја погоди пречката. Казната за ова промашување пристигна во следниот напад затоа што ПСЖ успеа да поведе со 1:0.

Парижаните го покажаа својот смртоносен напад, а Нејмар одлично го проигра Мбапе, кој излезе пред Ноер и ја погоди мрежата на Баварците за 1:0.

По голот, Баерн тргна по изедначување. Баварците со сите сили му се заканија на ПСЖ, но Кејлор Навас бранеше неверојатно. Горецка, Мулер, Кимих и Чопо-Мотинг имаа шанса, но немаше промена во резултатот.

Исто како и првиот пат кога ПСЖ го казни Баерн за промашувања. Парижаните поведоа со 2:0 во 28. минута откако Нејмар, овојпат одлично го проигра Маркињос, кој ја удвои предноста на својот тим.

Но, Баерн го врати во живот Чопо-Мотинг во финишот на првото полувреме. Кимих испрати одличен центаршут од десно, а Чопо-Мотинг со глава ја упати топката во мрежата на Навас за 1:2, што беше резултат на првото полувреме.

А понатаму гледавме навистина одлична игра. Нејмар прв се закани во 52. минута, но Ноер успеа да одбрани. Во следниот напад, Павард се обиде на другата страна, но немаше гол.

Сепак, Баерн успеа да израмни на 2:2 во 60. минута. Кимих повторно упати одличен центаршут од прекин, а највисок во казнениот простор на ПСЖ овој пат беше Милер кој изедначи на 2:2 и ги врати работите на почеток.

Сепак, само осум минути подоцна, ПСЖ ја врати предноста. Парижаните повторно одиграа фантастична контра. Ди Марија му асистираше на Мбапе, кој шутираше низ нозе на Боатенг и погоди за 3:2.

До крајот на играта Баерн се обиде некако да израмни, но ПСЖ успеа да се одбрани и да слави со 3:2. Иако Парижаните се во добра позиција, сè уште е рано да се заклучи нешто пред реваншот, кој ќе се игра следниот вторник во Париз, бидејќи Баварците сигурно ќе дадат се од себе за да дојдат до пресвртница.

Facebook