Фудбал
Фудбалски легенди купуваат клуб во Англија, ги предводи Денис Бергкамп
Некогашните фудбалери на Манчестер Јунајтед, браќата Невил, Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат и Дејвид Бекам, се мнозински сопственици на англискиот нисколигаш Салфорд. По нивните стапки тргнуваат уште поранешни ѕвезди од светскиот фудбал. И тоа од Холандија, плус еден од Шведска.
Англиските медиуми пренесуваат дека поранешните холандски репрезентативци Денис Бергкамп, Филип Коку, Дирк Кајт и Роналд Хуман, заедно со Хенрик Ларсон се заинтересирани да купат клуб од Англија. Наводно главната улога во конзорциумот има Бергкамп, а зад целиот проект стои Рон Јансен, извршен директор на маркентинкша агенција Васерман Медиа Груп, втора најголема спортска агенција чие богатство се проценува преку три милијарди фунти.
Имено, на клубот се уште не е познато, а иницијативата ја потврди самиот бизнисмен Јансен.
Бергкамп е еден од најдобрите играчи во историјата на Арсенал. Ларсон е истото во шкотскиот Селтик, Дирк Кајт играше за Ливерпул, Куман беше тренер на Саутемптон и Евертон, додека Коку го тренира Дерби Каунти.