Connect with us

Фудбал

Фудбалски судија оди 15 месеци во затвор, учествувал во местење на фудбалски натпревар (ВИДЕО)

Уште еден скандал го тресе регионалниот фудбал, а главната улога ја има српскиот судија Срѓан Обрадовиќ.

Имено, споменатиот судија беше исфрлен од фудбалот на десет години, а освен тоа, Апелациониот суд ја потврди пресудата против него, од 15 месеци затвор.

Обрадовиќ се најде во центарот на вниманието поради злоупотребата на судиската позиција на мечот меѓу Спартак од Суботица и Раднички од Ниш (2:0), каде го фаворизираше домашниот тим, а кој се одигра во 2018-та година.

На споменатиот натпревар Обрадовиќ го досуди најскандалозниот пенал во регионалниот фудбал, за што пишуваа и европските медиуми.

На никого не му било јасно врз основа на што Обрадовиќ досудил пенал, а набргу по натпреварот судијата бил уапсен. Тој помина еден месец во притвор пред да биде пуштен да се брани од слобода.

Но, Обрадовиќ сега го чека ново апсење и службена суспензија од фудбалот, каде што му беше изречена забрана за вршење на секакви активности поврзани со фудбалот во следните десет години.