Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот свет во тага: По долго боледување почина Фернандо Риксен

Поранешниот холандски репрезентативец, и член на Глазгов Ренџерс, АЗ Алкмар, Зенит и уште неколку екипи, Фернандо Риксен, ја загуби битката со тешката болест, и почина на 43-годишна возраст, соопшти неговиот поранешен клуб Глазгов Ренџерс.

„Со голема тага соопштуваме дека нашиот поранешен играч Фернандо Риксен почина утринава по долго боледување“, напиша тимот од Глазгов.

Некогашниот десен бек беше во болнички кревет. Меѓутоа ги надмина очекувањата на лекарите кои му предвидуваа уште 18 месеци живот, а тој проживеа 6 години. Сепак, беше јасно дека ќе дојде крајот.