Фудбал
Фудбалските навивачи се судрија со полицијата во Париз по победата на Мароко
На булеварот Шанзелизе во Париз дошло до судири меѓу фудбалски навивачи и полицајци, објавија ТВ БФМ и ТВ Фигаро.
Речиси 20.000 луѓе се собраа на булеварот во главниот град по победата на Мароко над Португалија со 1-0 во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал во Катар.
Навивачите пукаа со пиротехнички средства кон органите на редот, кои одговорија со солзавец.
Скелињата што се користеа за поправка на зграда се урнаа и се расклопија на парчиња кои беа фрлени кон полицајците.
Репортерот на „Фигаро“ од местото на настанот раскажува дека пред полноќ се собрале млади луѓе облечени во тренерки, кои скокнале кон полицајците и почнале да ги кршат фасадите на бутиците. Има и опожарени мотори.