Connect with us

Други спортови

Гафот на Новак на конференцијата „заглавил“, па го извадил телефонот (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ пристигна во Валенсија на претстојните натпревари од Дејвис купот против домаќинот Шпанија.

Најдобриот тенисер на сите времиња тренираше во Валенсија, по што следуваше прес-конференција на која го покажа своето течно познавање на шпанскиот јазик. Освен еден збор.

Ѓоковиќ не можеше да се сети на шпанскиот збор за „исчезнат“. Новинарите низ смеа му помогнаа, а тој го извади телефонот и напиша во белешките. Познато е дека Новак е вистински полиглот и дека обожава да ја поздравува публиката на големите турнири на нивниот јазик, овој гаф особено им беше симпатичен на Шпанците.

Србија во петок ќе игра против Шпанија, а ден подоцна и со Чешка.

Пласман на завршниот Дејвис куп турнир кој ќе се игра од 21 до 26 ноември во Малага, ќе добијат двете најдобри селекции од групата.

 

Facebook