Connect with us

Фудбал

Галатасарај го претстави Мауро Икарди

Галатасарај направи неколку извонредни трансфери на самиот крај на летниот пазар. Турскиот гигант официјално го претстави Мауро Икарди кој пристигнува на позајмица од Пари Сен Жермен.

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Галатасарај за топлото добредојде. Моето семејство и јас сме навистина импресионирани. Имав многу понуди, но мило ми е што избрав да дојдам овде. Нашите цели се високи. Се надевам дека ќе ги постигнеме заедно“, изјави Икарди.

Аргентинскиот напаѓач има опција за откуп во договорот. За ПСЖ, Икарди постигна 38 гола на 92 натпревари.

Галатасарај вчера го претстави и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата. Договорот на Шпанецот е на 1+1 година.

Турскиот тим ги доведе и: крилото на Рапид Виена Јусуф Демир, данскиот дефанзивец Матијас Рос, крилото Милот Рашица, Лукас Тореира, Серхио Оливеира, Лео Дубоа, Харис Сеферовиќ и Дрис Мертенс.

Во моментов Галатасарај е седми во турската Суперлига со 10 бода предност по 5 одиграни натпревари.