Connect with us

Фото

ГАЛЕРИЈА: Е, ова е Македонија, сега е НАШЕ ВРЕМЕ!

Натпреварот Македонија-Казахстан е само уште еден доказ дека единствено нешто што во нашата држава не сплотува е спортот.

Толку многу радост и емоции денеска имаше на стадионот „Тодор Проески“…

Ова е последен натпревар пред Европското првенство. Последен натпревар на кој нашата репрезентација четири пати ја тресеше мрежата на противникот, а имаше и уште некоја одлична шанса.

Да беа музичка група сигурно ќе се вратеа на бис, но ги испративме со овации од арената и секој посака ова што вечерва го гледавме да го гледаме и во Букурешт.

Ова е наш стил на победи, желни сме за победи, а сега е наше време! Одиме на Европско!

Facebook