Фудбал
Гарсија добива отказ, Елмас и Наполи добиваат нов тренер!
Tренерот на Наполи, Руди Гарсија ќе го напушти тимот, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, 59-годишниот Французин денеска ќе добие отказ.
Вчера „наполитанците“ загубија во Серија А од Емполи (0:1).
Гарсија летово го презеде Наполи, наследувајќи го на тренерската позиција Лучијано Спалети, со кој „наполитанците“ станаа шампиони на Италија.
По 12 кола во Серија А, Наполи е на 4. место во поредокот со 21 бод.