Поврзи се со нас

Фудбал

Гарсија се повлекува од функцијата главен тренер на Селта

Виго, 9 ноември 2020 (МИА) – Главниот тренер на Селта, Оскар Гарсија ја напушти функцијата, објавено е денес на официјалната веб-страница на прволигашот од Виго.

Клубот им се заблагодари на 47-годишниот Шпанец и неговите помошници за професионалноста и посветеноста.

Гарсија ја водеше Селта од ноември 2019 година. Клубот од Виго во моментов е 17-ти во Ла Лига со само седум бода по девет одиграни кола. зс/

loading...

Facebook