Connect with us

Фудбал

Гасперини: Фудбалот е како антидепресив, треба да продолжи да се игра

Аталанта оствари историски успех во вторникот. Екипата од Бергамо се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако постигна дури осум гола против Валенсија.

Како резултат на епидемијата на коронавирус, Италија е блокирана, сите настани се откажани, а жителите го ограничија движењето за да го намалат понатамошното ширење на вирусот.

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, во интервју за „Кориере дело Спорт“ изјави дека фудбалот е како антидепресив и треба да продолжи да се игра без публика.

„Фудбалот е како антидепресив, нешто што е над животот и јас така го сметам тоа. Навиките се важни, не само за Италијанците. Гледањето на играта може да биде како терапија. Треба да продолжи да се игра без публика, јас така мислам“, рече искусниот експерт.

Фудбалот во Италија нема да се игра до 3 април, а како што расте бројот на заразени и починати од час во час, нема да биде изненадување ако паузата се продолжи.