Поврзи се

Фудбал

Гатусо најавува квалитетно засилување во Милан

Гатусо кажа дека неговиот тим ќе потпише договор со „играч од средниот ред“, но за „Росониерите“ е најважно да добијат зелено светло од УЕФА која има намера да ги санкционира поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

„За среќа, сезоната не започнува утре. Мораме да почекаме и да видиме што ќе одлучи УЕФА, но не сме заглавени иако не изгледа се баш најдобро. Дефинитивно ќе потпишеме договор со важен играч од средината на теренот и мораме што побрзо да најдеме алтернатива за Сусо“ рече Гатусо.

„Ако сакаме да играме 4-3-3, Хакан Чалханоглу и Фабио Борини се на левата страна, но Сусо нема резерва. Очигледно е дека не е убаво да се живее во неизвесност, но сега мораме да бидеме мирни и да се надеваме на најдобри вести од УЕФА“ додаде италијанскиот тренер.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал